Виери со јасна порака до Интер: Еден фудбалер не е доволно добар за да биде замена за Лукаку

Кристијан Виери кој е поранешен фудбалер на Интер, смета дека клубот мора да донесе соодветна замена за Ромелу Лукаку, кога белгискиот фудбалер не е на терен.

Едноставно без Лукаку, Интер не е иста екипа и тоа се потврдува на терен, а Виери даде и предлог до клубот и посочи еден играч дека не е доволно добар.

Интер е силен тим, тука е Наинголан кој би сакал се почесто на терен, Интер го има и Видал, па Сенси, кој има проблем со мускулот. И покрај сите проблеми, Интер е силем во тимот, но им е потребно време за да се воиграат“.

„Но немаат играч како Ромелу Лукаку, како негова поддршка. Би сакал да има во тимот 4 или 5 напаѓачи со кои ќе може клубот и да ја нападне ЛШ. Доколку Лукаку недостасува, мора да стават некој друг на тоа место. Но според мене, Иван Перишиќ како замена за Лукаку не е доволно добар напред. Сезонава во Интер е уште поголем притисокот бидејки планираат да го освојат Скудето“, истакна Виери.

Интер имаше разочарувачки неколку дена, откако имаа неуспех во ЛШ, а подоцна и во домашното првенство, што е сигнал дека се во т.н криза.