(ВИДЕО) „Ѕвездата“ на Сити во проблеми: Вереница го фати како симулира секс во дискотека со друга

„Ѕвездите“ на Манчестер Сити во последно време се повеќе ги полнат насловните страници на британските медиуми.

Откако во проблеми се најдоа Сане и Марез поради „војна“ со своите сопруги, сега во центарот на вниманието се најде Рахам Стерлинг кој во неделата го прослави својот 25. роденден.

Забавата беше одржана во една од дискотеките во Манчестер, а најрасположен секако беше Стерлинг кој се опушти до таа мера што предизвика и скандал.

Имено фудбалерот занесен од тверкањето на една непозната девојка до таа мера што започна да симилура секс, но забавата ја прекина неговата вереница Пеиџ Милан кога здогледа што прави. Толку беше гневна и лута па физички се нафрли на девојката и ја турна.

Стерлинг и Пеиџ би требало наредната година да се стапат на „лудиот камен“ а од својата врска имаат и син.