ВИДЕО: Ѕверот на Иџе подготвен – шампионот излегува низ улиците на Скопје!

Македонскиот возач Игор Стефановски Иџе, за денеска во знак на поддршка кон здравствените работници, полицајците и сите останати кои се дел од протоколот за намалување на Ковид19 во Македонија.

Парадата на Игор Стефановски Иџе ќе има и своја маршута, која ќе се движи од населбата Лисиче, се до Карпош каде ќе му биде целта.

Тој на својата фејсбук страна истакна дека сето ова е во знак на поддршка за медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД.

Постоеше и иницијатива на социјалните мрежи, сите кои живеат меѓу овие две населби, да излезат на своите балкони и да го поздрават Стефановски со македонско знаме во раце.