(ВИДЕО) Зверев, нормален ли си? Место во карантин, на журка!

Германскиот тенисер Александар Зверев не остана ни една недела во карантин иако најави дека ќе седи две, по учеството на Адрија Тур, во Белград и Задар.

„Длабоко им се извинувам на сите што ги изложив на ризик. Ќе продолжам да ги следам насоките за самоизолација, останете сигурни“, објави Зверев минатиот понеделник по својот прв негативен тест.

Само неколку дена подоцна, Германецот е снимен на луда забава, со многу луѓе. Цела Европа минатата недела го осуди Новак Ѓоковиќ за организацијата на Адрија Тур. Ќе го осуди ли сега и Зверев?