(ВИДЕО) Заспа одбраната на ПСЖ, Марез го носи Сити на чекор од финалето

Манчестер Сити вечерва на свој терен го игра реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против екипата на ПСЖ.

Во тешки услови за игра, ПСЖ тргна нешто поагресивно кон голот на Едерсон, што е и очекувано со оглед на тоа дека во Париз загуби со 2:1, но „Граѓаните“ се тие кои дојдоа во водство и тоа по спринтот на Зинченко и голот на Ријад Марез.

Во 12. минута од мечот Зинченко избегна офсајд замка и навремено тргна од својата половина, а Едерсон со милиметарски точно додавање го извади Украинецот зад одбраната на гостите. Зинченко ја врати топката на пеналтикот, а ударот на Де Брујне се одби до Марез кој без проблеми го матира Кејлор Навас за големо водство од 1:0 за Сити, со што „Граѓаните се на чекор од пласман во големото финале.