(ВИДЕО) За малку циркус на Бернабе: Куртоа го спаси Реал од нова бламажа

Малку недостасуваше Реал Мадрид да дожовее нов срам во новата сезона и тоа на домашен терен.

Леванте, кој во 2017 си замина со бод, а лани со три од Бернабе, денеска испушти можност да направи ново изненадување и загуби со 2-3 од најтрофејниот шпански клуб. Се чинеше дека Реал ќе дојде до лесна и убедлива победа откако по првото полувреме имаше водство од 3-0 со двата гола на Бензема и еден на Каземиро.

Во вториот дел работите се сменија, Леванте од два шута даде два гола, а во судиското продолжение Куртоа одбрани зицер со што спречи израмнување и нов срам на неговиот тим.