ВИДЕО: Во изборот на СЕХА за најдобри одбрани – моментот на Борко против Нексе

Веднаш по доаѓањето во Вардар, Борко Ристовски, покажа дека ќе биде важно засилување за двократниот европски шампион.

Тој на дебито во СЕХА лигата за Вардар, против Нексе, имаше неколку важни одбрани, од кои една влезе во топ изборот на СЕХА Газпром лигата.

На тој натпревар Ристовски го заврши мечот со седум одбрани.