(ВИДЕО) Во Франција виден несекојдневен гол во „одбојкарски“ стил

Немања Илиќ постигна многу снаодлив гол на натпреварот од француската Стар лига помеѓу Кретеј и Тулуз.

Откако ја погоди гредата од седмерец, топката се врати на теренот, а потоа во прв план излезе одличното чувство на српскиот ракометар.

И противничкиот голман тргна по топка, но Илиќ скокна и со својот одбојкарски стил малку ја „пикна“ топката и ја смести во мрежата.

Инаку, иако го постигна најдобриот гол на мечот, Илиќ на крајот не беше премногу среќен бидејќи неговиот Тулуз беше поразен со 25:24.