(ВИДЕО) Во Бенфика учат на грешката со Роналдо, не дозволуваат да им се повтори пак

Бенфика објави неверојатно видео на социјалните медиуми, испраќајќи порака до родителите, а за таа цел го искористи и Кристијано Роналдо.

Долорес Авеиро, мајката на португалската ѕвезда, неодамна изјави дека нејзиниот син во младоста бил голем навивач на Бенфика.

Она што е интересно е дека Кристијано израсна во академијата на Спортинг Лисабон, најголемиот ривал на Бенфика, но фактот дека го облече дресот на „Лавовите“ не му сметаше.

Роналдо својата кариера ја започна во Спортинг и сигурно дека на овој тим може да му биде благодарен за сето она што за него го направи.

Сепак, фактот дека како дете навивал за Бенфика го наведе овој клуб да направи посебна порака до сите родители да не се повтори грешката.

„Само една грешка беше потребна за да се уништи детскиот сон“, а потоа ги повикаа родителите своите деца од првиот ден да ги зачленат во клубот со цел грешката да не се повтори.

Навистина креативен потег од страна на Бенфика.