ВИДЕО: Во Австралија алармантно – Бернард Томиќ побара интервенција за вдишување кислород

Ситуацијата во Австралија воопшто не е добра, на секој тениски натпревар, тенисерите знаат да се пожалат на отежнато дишење.

На еден од последните мечеви, сериозни проблеми со вдишување на чист воздух имаше Бернард Томиќ.

На мечот против Денис Кудла, кој на крајот загуби меч со 2:0 во сетови, побара медицинска помош и вдишување на кислород.