(ВИДЕО) Ветено -сторено: Трчаше потполно гол откако Германецот потпишa за нив

Еден навивач на Бенфика на 17. декември даде ветување дека ќе трча еден километрар потполно гол без ниту едно парче облека доколку неговиот тим го купи Јулијан Вајгл

Можеби не верувал доволно во тој трансфер, но Вајгл во последниот дел од 2019 година ја одбран Бенфика, а ден подоцна потпиша за тимот од Лисабон

Навивачот кој го дал ветувањето, сега и го исполни. Се соблече гол и истрча километар во чест на Германецот кој пристигна од Борусија Дортмудна.

„Моето име е Дуаре Мендес и како што знаете, на 17. декември напишав дека ќе трчам гол ако Вајгл дојде во Бенфика. Денес сум тука тоа да го направам. Бог простува, но Јулијан не“ изјави навивачот на Бенфика пред да го исполни ветувањето.