(ВИДЕО) Вест Хем се одмазди, Јунајтед остана без еден трофеј

Во раната фаза од сезоната, Јунајтед пропушти можност да остане во игра за пехарот во Лига купот што е уште еден неуспех во кариерата на Оле Гунар Солскјер.

По поразот во неделата, Вест Хем вечерва му се одмазди на истиот ривал и славеше со 1-0 на Олд Трафорд, во третото коло од Лига купот на Англија. Двете екипи излегоа со комбиниран состав, кај Јунајтед го немаше Кристијано Роналдо, а останатите не се истакнаа премногу.

Голот за победа го постигна Ланзини во деветтата минута по што „ѓаволите“ не успеаја да дојдат до израмнување и мораа да се помират со елиминацијата.