(ВИДЕО) Веспрем го декласираше Е. Пелистер: Манасков постигна два СТРАШНИ гола

Унгарски Веспрем му се реваншираше на нашиот Еурофарм Пелистер за поразот во Битола во првиот меѓусебен натпревар сезонава во СЕХА лигата.

Денес Веспрем славеше убедливо со 35-24, а особено расположен за игра кај домаќините беше нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Македонецот постигна 4 гола од 6 обиди кон голот на битолчани, а притоа два погодоци беа и тоа како атрактивни.

Имено Манасков погоди цепелин по асистенција на голманот Шекели, додека вториот исто така дојде по асистенција на чуварот на мрежата, ама беше од – зад грб.