(ВИДЕО) Веднаш се крена фама – Ливерпул води, но Сити и тоа како оштетен !?

Неочекувано лесно и рано, Ливерпул по само 15 минути игра во дербито против актуелниот шампион Манчестер Сити има предност од 2-0.

Публиката и домашните навивачи на „Енфилд“ и тоа како имаат причини за задоволство, но гостинските фанови се разочарани и негодуваат.

Имено на сето му претходеше игра во казнениот простор со рака на Арнолд, по што Агуеро бараше пенал, но не го доби. По истата акција следеше водечкиот гол на домаќините.

И при вториот гол на Салах, „граѓаните“ бараа огсајдт, но изостана реакцијата од судијата и од ВАР собата.