(ВИДЕО) Важен ден за Лукаку – го постигна најбрзиот гол во кариерата

Интер обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Италија откако вечерва на домашен терен го победи Каљари со 4-1.

Повторно играч на мечот беше Ромелу Лукаку кој постигна два од четирите гола за својот тим. Првиот од нив по само 20 секунди игра што е најбрз негов погодок во кариерата.