ВИДЕО: Вардар прими гол во последната секунда за нерешено – потоа се случи и мала тензија на терен

По доста изедначените 60 минути, на крајот Вардар и Порто ги поделија бодовите, откако Борко Ристовски прими гол буквално во последната секунда.

Финишот беше драматичен бидејки Вардар ја имаше победата, но во последната секунда Порто упати удар, го реализираа за конечни 25:25.

Вардар имаше +1 на полувреме, тргнаа со 13:12 во вториот дел, имаа неколку негативи во текот на натпреварот, но повторно се враќаа, иако беа тука блиску до егал во секој период од натпреварот.

На крајот, Вардар постигна 25-ти гол и ја имаше победата во раце, но по неуспешниот обид на гостите за цепелин, топката сепак дојде до нивниот крилен играч, кој упати удар и за жал го матира Борко Ристовски за нерешено на овој натпревар.

По самиот финиш на средбата се случи и тензија на терен помеѓу Ристовски и еден играч на Порто, а во сето тоа беше вклучен и воинот Столе Стоилов, ситуација која за кратко заврши сепак со прегратки.

Чупиќ и Вујин беа најефикасните ракометари на Вардар на оваа средба со по 6 голови.