ВИДЕО: Вардар има негатива на полувреме – Дибиров изнуди атрактивна вртелешка против Штербик

Вардар одигра не така добро полувреме на гостувањето кај Веспрем, доста турбулентно и наизменично.

Нападот привремено функционираше, додека според постигнатиот број на голови за домаќините, евидентно е дека проблемот за Вардар е во одбраната.

Во 30 минути примивме 21 погодок, што ретко им се случувало во последните 4-5 сезони на двократните европски шампиони.

Тимур Дибиров постигна одличен погодок против Штербик на самиот истек пред полувремето, кога му сервира вртелешка на мал простор на противникот.