ВИДЕО: Вардар го гази Рајн Некар по првиот дел – цепелинот на Карачиќ и Криштопанс најатрактивен потег

Ракометарите на Вардар во убедлива игра по првите 30 минути на гостувањето кај Рајн Некар Левен во Манхајм, има убедлива предност (12:16).

Евидентна е квалитетната и дисциплинирана игра на нашиот шампион и претставник во ЛШ, каде по само 30 минути може да се каже дека го размонтиравме Рајн Некар Левен.

Сигурно дека убедливо најатрактивен момент на средбата беше цепелин акцијата која ја спроведоа Карачиќ и Криштопанс.