(ВИДЕО) Вардар беше слаб, но Ландин едноставно – згази!

Европскиот првак Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона и го загуби првото место на табелата во својата група.

Кобен за нашиот тим беше Кил, повеќекратниот европски шампион кој му го нанесе на Вардар еден од најголемите дебакли на домашен терен последните години.

Но, колку што Вардар беше слаб, толку голманот на Кил, Никлас Ландин беше фантастичен на голот. Особено тоа се однесува за почетокот на натпреварот ако се знае дека во првите 20 минути нашиот тим постигна само два гола. Кога веќе Ландин го откажа противникот, на Кил му беше многу полесно да дојде до убедливата победа.