(ВИДЕО) ВАР повторно ги посака „ѓаволите“ – Јунајтед тешко до бодовите против ВБА

Дури од петтиот обид, Манчестер Јунајтед успеа да стигне до првата победа на домашен терен оваа сезона.

Прва жртва на „ѓаволите“ е ВБА, но дури и во овој дуел стигнаа до триумфот потешко од очекувањата. Одлучи еден пенал во 56. минута кој мораше два пати да биде изведен. Во првиот обид, ударот на Бруно Фернандес го одбрани противничкиот голман, но притоа ја помина гол-линијата и главниот судија, на сугестија на своите колеги од ВАР собата, даде знак да се повтори. Интересно е тоа што неколку минути претходно беше досуден пенал и за ВБА, но исто така по консултација со ВАР, истиот беше поништен.

Во вториот обид Португалецот не погреши, го совлада Џонстон и му донесе победа на Јунајтед. Со неа екипата од Олд Трафорд се искачи на деветтата позиција со 13 бода, колку што имаат и Евертон, Кристал Палас и Вулверхемптон.