(ВИДЕО) ВАР „блеска“ во Англија: Поништен гол за Шефилд, дали воопшто имаше офсајд?

ВАР од оваа сезона е имплементиран во премиер лигата, иако во стартот делуваше дека Англичаните пронашле ефикасно решение, од коло во коло одлуките кои се донесени со помош на видео технологијата привлекуваат огромно внимание.

Иста е ситуацијата и во 12. коло, кога новата технологија ги разочара фудбалерите на Шефилд Јунајтед.

Тотенхем поведе со голот на Сон, но само неколку минути подоцна Мекголдрик го израмни резултатот.

Сепак, судијата доби инструкција да ја почека одлуката од ВАР собата, по неколку минути анализирање утврдено е дека на погодокот на Шефилд му претходел офсајд.

Навистина станува збор за милиметри, тешко е да се каже дека офсајд воопшто и постоеше. Погледнете ја ситуацијата и проценете сами.