ВИДЕО: Ваков Надал не познаваме дури ни во финалињата со Ѓоковиќ и Федерер

Скоро и никој да не му даваше сериозни шанси на Данил Медведев да стори драма во финалето против Надал, но во пракса, повторно навивачите добија демант.

Медведев беше пред губење на мечот на три сета, но тој се погрижи со неверојатна игра да дојде до егал, па дури и да води во петтиот одлучувачки сет со 2:1, но сепак, веројатно нијансата повеќе која ја имаше Надал, пресуди за титула.

Медведев стана миленик на публиката и беше испратен со долг аплауз и овации, а тоа придонесе и за силни емоции кај Рафаел Надал, бидејки и самиот е свесен на каков тежок начин дојде до 19 титула, или 4 на УС ОПЕН.