(ВИДЕО) Ужасни сцени – стравичен пад на Марк Маркез

Фабио Квартараро од тимот на Петронас Јамаха СРТ ја освои пол-позицијата на стазата „Сепанг“ во Малезија, но денешните квалификации ги одбележа еден страшен пад.

Во истиот беше инволвиран актуелниот светскиот шампион Марк Маркез кој опасно излета за време на вториот циклус во квалификациите за Големата награда на Малезија.

Имено, Шпанецот загуби контрола при еден свиок на патеката и беше исфрлен од моторот и заврши крај патеката.

Шпанецот на Хонда со ова ги загуби шансите за висок пласман и на утрешната трка ќе стартува како 11-ти. Среќа во несреќе е што Маркез мина без посериозни повреди и би требало да биде целосно фит да вози.