ВИДЕО: Уште во 1. коло го имаме потенцијалното промашување на сезоната

Натпреварот синоќа помеѓу Севилја и Салцбург беше специфичен од повеќе аспекти.

На овој натпревар, во првиот дел беа досудени четири пенали, од кои два беа промашени, а освен тоа, од овој меч доаѓа и едно големо промашување кое сигурно ќе конкурира за најголемо сезонава.

Домашната екипа Севилја имаше нестварна шанса во вториот дел да поведе, но не се случи тоа, Омар Солет успеа за сите пари да се посрамоти, а несомнено дека неговото промашување во следниот период ќе добие одредени репетиции и ќе конкурира за утка на сезоната, иако е се уште прво коло.