(ВИДЕО) Урнебесно: По мечот Струга – Вардар се собираа топките од Охридското езеро

Екипата на Струга успеа да направи големо изненадување денес откако славеше Вардар со 2-1 и ја прекина нивната серија од 12 меча без пораз.

Кировски и Тафе во првиот дел погодија за домашните, откако имаше и една спорна ситуација, односно старт за пенал врз Цветаноски. Судиите сметаа дека тој е во офсајд, па затоа не беше досуден пеналот.

Во вториот дел Вардарци се обидоа да се вратат, а само намалија во 80. минута преку Мицевски од белата точка.

Од рубриката хумор и сатира издвојуваме:Ние праиме бранови а топката стоо 😉#ИАкоИзгубимеНемаДаВеОставиме

Gepostet von Komiti Skopje am Samstag, 9. November 2019

Како и вообичаено „црвено-црните“ беа бодрени од своите навивачи „Комити“ кои по крајот на мечот споделија едно интересно видео како човек собира топки од Охридското езеро, очигледно прекарани во мечот сооглед на тоа што стадионот граничи со самата плажа.