(ВИДЕО) Урнебесна прослава на Аргентинците по победата над Србија во соблекувалната

Кошаркарите на Аргентина еуфорично ја прославија победата над Србија на Мундобаскетот.

Соблекувалната „гореше“, летаа и канти, а особено предничеа помладите играчи.

Аргентинците заслужено ја славеа големата победа, а особено беше забележителен настапот на искусниот Луис Скола. Ветеранот кој е на прагот на 40. година од животот одржа час по кошарка, а во соблекувалната влезе целосно ладнокрвно, како ништо да не се случило.

Сепак, нешто поекспресивен беше Факундо Кампацо, херојот на својата репрезентација, кој во стилот на Чоло Симеоне покажа на меѓуножјето и јасно симболично објасни што е потребно за вакви натпревари.