(ВИДЕО) Унгарката што ги шокираше сите: Втрча гола и го изведе почетниот удар

Пријателскиот меч помеѓу Унгарија и Колумбија на почетокот на јуни 1990 година малку кој го памети по играта и резултатот со оглед на тоа што се случи пред почетокот на споменатиот дуел.

Тоа пред се се однесува на почетниот удар кој ги изведе полуголата девојка, момент што повторно стана хит на социјалните мрежи овие денови кога во недостаток на актуелен спорт, буди спомени.

Гостите од Јужна Америка беа шокирани кога девојка која на себе имаше само бела танга влезе во терен и го изведе почетниот удар.

Наводно, оваа девојка го „одбележи“ падот на комунизмот и најавата за слободата на жените во Унгарија, а на крај домаќините славеа со 3-1.