(ВИДЕО) УФЦ нокаут каков што не се памети: Додека трепна – го посла на рингот

Изминатата ноќ, Хорхе Масвидал ја постигна најбрзата победа во историјата на УФЦ борбите , кога за три секунди го совлада Бен Аскрен.

Дуелот меѓу Хорхе Масвидал и Бен Аскрен во Велтер категорија се одржа во Лас Вегас. Масвидал веднаш на почетокот скокна на Аскрен, кој ја спушти главата за да го избегне неговиот напад , но Масвидал го погоди со колено по увото.

Аскрен по овој удар се онесвести и по само три секунди борбата заврши, иако судиите прогласија службена победа по пет секунди од почетокот на мечот.