(ВИДЕО) Турски навивачи ја промашија трибината, па спасуваа жива глава да не изедат ќутек

Навивачите се вратија на стадионите, а на натпреварот помеѓу ПСВ и Галатасарај настана хаос, поради што УЕФА сигурно ќе покрене истрага.

Навивачи на турскиот клуб едвај ги спасија своите животи. Група навивачи ја промашија трибината за гостинските навивачи на „Филипс стадионот“ и го прославија голот на Емре Килинч во 42. минута пред Холанѓаните.

Фановите на ПСВ не го пропуштија тоа. Тие ги бркаа навивачите на Галатасарај кои бегаа за да избегнат тепање, а меѓу нив имаше и помлади навивачи.