(ВИДЕО) Црвено-црна рапсодија во Рим, Јуве слави!

Екипата на Јувентус е најголемиот добитник од исходот на вечерашното дерби во Рим меѓу Лацио и Милан.

„Росонерите“ победија со 3-0, па сега актуелниот италијански шампион има седум бода предност пред Лацио, на осум кола пред крајот на првенството. Чалханоглу, Ибрахимовиќ и Ребиќ погодија за Милан, а Лацио немаше одговор без најдобрите стрелци Имобиле и Каиседо.

Веќе во следното коло Милан го пречекува Јувентус и за неизвесноста во Серија А ќе биде добро повторно да направи изненадување.