ВИДЕО: Циципас, ти „летна“ ли врапчето? Со рекетот го повреди неговиот татко!

Евидентна беше нервозата кај грчкиот тенисер Стефанос Циципас, на натпреварот против Австралиецот Ник Кирјос.

При еден неуспешен поен, Циципас удираше бесно со рекетот кон подлогата на која играше и удри на дел од својата клупа, по што ненамерно го повреди и неговиот татко.

На снимката може убаво да се види ударот на Циципас во пределот на раката на неговиот татко, а медиумите сега откриваат дека таткото на тенисерот, побарал и медицинска помош непосредно по оваа ситуација, бидејки имал посекотина и отворена рана од ударот на рекетот.