ВИДЕО: Циципас со пресврт го реши Фоњини, овој му порача – играте двајца против мене!

Стефанос Циципас успеа да го совлада Фабио Фоњини по пресврт на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

По изгубен иот прв сет со 6:2, Гркот почна да игра многу подобро и да го сврте резултатот во своја корист на 2:1 и да се пласира во следната рунда.

Италијанскиот тенисер за време на мечот се жалеше на судиите за „коучингот“ на Циципас, односно дека неговиот татко Апостолис, премногу му помагал.

Судијата тоа го игнорираше, а по крајот на натпреварот, двајцата тенисери си разенија вербално по некој збор.

Играме двајца против еден“, рече Фоњини кон судијата, а тој му одговори, „За мене тоа е само охрабрување!“.