(ВИДЕО) Цела Англија му се смее на Мегвајер: Што правеше при голот на Дака?

Манчестер Јунајтед е во серија од три натпревари без победа во Премиер лигата и веќе заостанува пет бода во однос на лидерот Челси.

Вчера повторно покажа дека нешто не чини во екипата откако загуби со 2-4 на гостувањето кај Лестер. Навивачите се незадоволни од прикажаното на целиот тим, но особено се критични кон најскапиот дефанзивец во историјата на клубот Хари Мегвајер кој е и капитен на екипата.

Репрезентативецот ги пропушти претходните два натпревара поради повреда на листот и се врати на тренинзи во текот на неделата, па немаше многу време доволно да се подготови. Солскјер призна дека тој лично одлучил Мегвајер да игра иако тоа се покажа како неправилен потег. Сепак, капитенот разочара, особено при последниот гол на Лестер постигнат во судиското продолжение.

Снимки од моментот покажуваат дека Мегвајер е тотално закопан во место додека Дака реагира на една нафрлена топка и непречен од никого ја внесува во мрежата. Интересно е тоа што топката прво заглавува во нозете на Дака, но Мегвајер не се ни обидува да го спречи.