(ВИДЕО) Цел свет во солзи по посветата на Меси кон Марадона!

Барселона денеска игра со Осасуна и е пред убедлива победа, а моментот на натпреварот се случи во 73. минута.

При водство на каталонскиот тим од 3-0, Меси постигна фантастичен гол, но тоа не беше најдоброто од него што го видовме.

Веднаш потоа Аргентинецот го соблече дресот на Барселона, а под него блесна дресот на Диего Марадона од почетокот на неговата кариера. Се разбира, на Њуелс Олд Бојс, клубот каде што и Меси почна активно да се занимава со фудбал.

Главниот судија Матеу Лахос уште еднаш покажа дека нема сенс за ништо и дека е залутан на фудбалските терени, па му додели жолт картон на Меси затоа што го соблекол дресот.