ВИДЕО – Трето полувреме, по обезбеденото финале: Овде никој не е нормален!

Долго во ноќта ќе се слави финалето во Хрватска, откако „коцкестите“ во драматичен и крајно неизвесен натпревар, по две продолженија, ја срушија незгодната Норвешка.

Откако прославија во соблекувалните, ракометарите на Хрватска, со тимскиот автобус отпатуваа во хотелот каде престојуваат, а во автобусот имаше нова рунда забава.

„Овде никој не е нормален“, се пееше во автобусот, со контекст на тоа каков натпревар одиграа и обезбедија финале.