ВИДЕО; Тренер и залепи шамар на џудистката – дојде и реакција од светската џудо федерација

Светската џудо федерација официјално го предупреди тренерот на германската селекција, Клаудија Пусу.

На таквиот потег се решаваат откако споменатиот селектор и удрил шамар на германската натпреварувачка Мартина Трајдос, пред мечот на Олимписките игри.

Трајдос се обидувала да се одбрани од тренерот, но подоцна во изјавата се обидела да го одбрани потегот на тренерот, со порака дека тоа го побарала од тренерот, шамар кој ќе ја опушти за натпреварот.

Џудо е едукативен спорт и како таков не може да толерира такво однесување на еден селектор“, порачаа од федерацијата.

Трајдос тој меч го загуби, а по натпреварот на Инстаграм напиша дека очигледно шамарот не бил доволно силен за да ја разбуди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martyna Trajdos (@martyna_trajdos)