(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Руски хокеар загина откако беше удрен со пак во глава

Младиот руски хокеар Тимур Фајзутдинов (19) почина во болница три дена откако на еден натпревар се здоби со повреда на главата.

Капитенот на младиот тим на Динамо од Ст. Петербург се повреди на мечот со Локомотива. Во обид да стигне до ривалот, тој беше погоден со пак во главата, по што само падна на мразот.

Наскоро изгубил свест и веднаш бил пренесен во болницата. Лекарите се бореа за неговиот живот три дена, но за жал не успеаја да го спасат.