ВИДЕО: „Топчиите“ го скршија Виеира во последните секунди

Арсенал синоќа на домашен терен успеаја да се спасат од пораз против Кристал Палас буквално последните секунди од натпреварот.

„Топчиите“ беа на работ да бидат поразени од Кристал Палас со 2:1, но по мешаницата во нивниот казнен простор, најдобро се снајде Лаказет, кој им донесе доста важен бод.

Посебно беше разочаран од тој гол, поранешниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира, кој сега е во улога на тренер на Кристал Палас.

Евидентно дека Виеира беше скршен, бидејки овде за нив ќе беше голема победа против некогашните шампиони и непобедливи во Премиерлигата.