ВИДЕО: Топчето имаше чудесно движење – магија на Пер против словачкиот тенисер

Францускиот тенисер Беноа Пер успеа да го победи словачкиот тенисер Јозеф Ковалик во второто коло од турнирот во Гештад со 6:3, 7:6.

Контроверзниот тенисер овој пат го привлече вниманието на јавноста поради еден фантастично одработен поен кој го одигра во 4 гем од вториот сет.

Популарниот „дроп шот“ придонесе за овации на присутните кои беа на трибини, потребен му беше само момент за еден магичен потег.