ВИДЕО: Токму поради овој момент, Манасков беше во право: Срамота е!

Македонија успеа да ја победи селекцијата на Чиле денеска во битка за 15. позиција, како утешна награда и како повторување на оваа позиција од последниот Мундијал.

Но севкупно гледано, тоа ни одблиску не е доволно за апетитите кои ги има нашата ракометна нација, барем така гледаа пред почетокот на Мундијалот, иако капитенот Лазаров најавуваше дека ќе биде чудо ако се пласираме во првите 12, по што и така излезе.

Но еден посебен момент од денешната средба против Чиле, ја отслика слабоста на нашата репрезентација во моментите кога имавме гол предност.

Имено, во првиот дел некаде во 22. минута, по еден брз гол на Чиле, Дејан Манасков имаше замисла брзо да одиграме од центарот, бидејки противникот во тој напад играше со играч повеќе бидејки немаа голман на позиција, но тоа изгледаше многу очајно, Дејан Манасков едноставно немаше со кого да проигра, па следуваше нервозна, но очекувана реакција.

Токму тоа го потенцира тој и по натпреварот, дека неможе капитенот Лазаров со 40 години да гине за репрезентацијата, додека останатите се влечат по теренот и дека доколку така и во иднина се продолжи, следуваат тешки денови за нашата селекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години

Простување од Мадрид: „АС“ ја објави листата на играчи кои последен пат ќе играт за Реал