(ВИДЕО) Тежок удар за возачот на Ферари

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, доживеа голема несреќа за време на денешниот тренинг во Монца, пред утрешното ГП на Италија.

Шпанецот загуби контрола над болидот и директно го погоди заштитниот ѕид на патеката. Помина без сериозни повреди, иако неговиот автомобил беше речиси преполовен.

Се врати на патеката дури по завршувањето на тренинзите, а неизвесен е неговиот настап во спринтерската трка, преку која ќе се одредат стартните позиции за утрешното возење.

Ова е втора несреќа на Саинц за кратко време, откако беше дел од инцидентот во Холандија на патеката Сендсворт.