(ВИДЕО) Тежок пад на легендарната Вон – леташе во воздух и се заби во оградата

Линдзи Вон, легендата на светското скијање големата шампионка  имаше голема среќа за време на својата последна трка во Супер-Џи во кариерата.

Американката доживеа  тежок пад, па мораше да интервенираат медицинска екипи со цел да и  помогне.  И покрај тоа , Вон се крена повторно на скии и на крајот се спушти до целта .

Иако заврши без пласман, но за среќа беше избегната повреда.

Екс олимписката шампионка која најави дека ја вози последната сезона во кариерата, на трката во шведскиот Ореу удри во капија и падна при голема брзина  по што летајќи низ воздухот заврши во заштитната ограда.