Тензична беше атмосферата во салата „Јасмин“ во Кавадарци пред почетокот на финалето помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.
Уште на самиот почеток, турканица меѓу навивачите на битолскиот ракометен колектив и полицијата. Дел од навивачите од Битола се обидоа да влезат на терен.
За цела среќа ситуацијата не излезе од контрола и брзо се нормализираше, па натпреварот продолжи.
Неколку минутио подоцна, повторно имаше разговор меѓу полицијата и предводниците на навивачката група „чкембари“.