ВИДЕО: Тенис на вода – само во соседството

Обилните дождови кои деновиве паѓаа во Грција, сериозно го погодија островот Крит, на кој што тениски терени има Стефанос Циципас.

Поплавите најмногу ја погодија областа Хераклион, а се појави еден интересен видео материјал на социјалните мрежи.

Главен актер во сето тоа е родениот брат на Стефанос Циципас, кој имитира дека игра тенис при поплавен терен.