(ВИДЕО) Талески со утешно признание се прости од ЕП

Еден од играчите од кои многу се очекуваше, Филип Талески, никако да блесне и да го покаже својот квалитет. Како одминува секој натпревар, но и секој шампионат (веќе има три големи настани зад себе), се отвара сомнеж колку навистина може.

На ЕП2020 покажа дека има „топ“ во својата рака и се уште со 141 километар на час го држи рекордот за најсилно упатен шут. Сепак неговиот ефект во играта на Македонија беше скромен, на три дуели даде 8 гола од 19 шута или во превод  38 % реализација.

Откако на првиот меч против Украина беше прогласен за МВП, а против Чешка го упати оној најсилен удар, и против Австрија доби лично признание.

Се најде на самиот врв во ТОП 5 асистенции на денот поради своето проигрување во самиот финиш на првиот дел при 18-12 до Манасков.