(ВИДЕО) Супер-Арсенал го растури Лестер

Екипата на Арсенал го одигра својот можеби најдобар натпревар сезонава и триумфално си заминува од Лестер.

„Топчиите“ славеа во еден од дерби дуелите на колото, совладувајќи го третопласираниот тим на табелата со 3-1. Победата добива на значење ако се знае дека домаќините водеа, благодарение на голот на Тилеманс во шестата минута по што почна рапсодијата на Арсенал.

Пред крајот на полувремето, во период од осум минути, прво израмни Давид Луиз, а потоа Лаказет од пенал го доведе својот тим во водство. Точка стави Пепе во 55. минута, откако претходно Лестер се соочи со проблеми и поради повреди остана без двајца фудбалери.

Со оваа победа Арсенал го прескокна Лидс и се искачи на петтата позиција на табелата, но ќе треба да влезе во серија за да може да се надева на пласман во европските купови.