(ВИДЕО) Сумо борач почина откако противникот му го скрши вратот

Сумо борачот Митсуки Амано (28) попознат како Хибикириу почина денес во болница откако пред еден месец го скрши вратот во борба.

Сега се појави видео од борбата и моментот кога Хибкириу падна на главата. Лежеше неподвижен, додека противникот сметаше дека е се во ред.

Тој бил пренесен во болница во Токио каде му била укажана помош и се чинело дека неговата состојба се подобрува, но во средата неговото здравје одеднаш се влошило и истиот ден починал.

Неодамна, сумо борачот Шоанануми падна на подот покажувајќи знаци на потрес на мозокот, но судиите не ја прекинаа борбата и покрај сè, поради што јапонската федерација на сумо планира да ги смени правилата.

Фановите во Јапонија се шокирани по смртта на Хибикириу и бараат да се направат големи промени кога станува збор за овој спорт.