(ВИДЕО) Стравично: Загина мотоциклистка – имаше само 29 години

Трката  „Гојас СуперБајк“ што се возеше на патеката „Аиртон Сена“ во Бразил беше последна во кариерата за  мотоциклистката со Доминиканска Република, Индијана Муњоз.

За жал загина на 29 години  за време на трката при пад од својот мотор во еден од свиоците на патеката.

Муњоз важеше за една од најзгодните и најдобрите спортистки во својата земја. Таа возеше во трката со мотори до 600 кубни сантиметри, а смртта кај несреќната девојка настапи како последица на тешките повреди на главата со кои се здоби.

Иако Муњоз е родена во Доминиканска Република, својата кариерата ја градеше во Бразил каде работеше и како инструктор за јавање.

 

Најголемите успеси во кариерата ги имаше во 2013 година и во 2014 година кога беше шампион во мотоциклизам во земјата на „кариоките“,  а во 2016 година победи на трката „100 милји Интерлагос“, а освои и три титули во „Кавасаки Нинџа 300“ и во „Јамаха Р3 Купот“.