(ВИДЕО) Стравичен пад од кој се леди крвта – крај на сезоната за двократната светска шампионка

Во Кранс Монтана денес се возеше спустот за скијачки во рамки на Светскиот куп. Италијанската скијачка Софиа Џоџиа стигна до првата победа во спуст оваа година со време од 1.29.77.

Сепак трката ја одбележа падот на најдобрата словенечка скијачка и двократна светска шампионка Илка Штухец.

Словенката на средина од стазата изгуби контрола и заврши во заштитната ограда, но сепак се придигна на нозе и се спушти до целта.

Сепак таа по крајот почуствувала болка во колената, па по прегледите било констатирано дека и пукнал задниот вкрстен лигамент на левото колено. Поради ова ќе го пропушти остатокот од сезоната.