(ВИДЕО) Страшни сцени од Грожан кој бегаше од запалениот болид: Само чудо го спаси овој возач

Ромен Грожан доживеа страотна несреќа во трката за Големата награда на Бахреин.

Возачот на Хас изгубил контрола над автомобилот, удрил во заштитните огради, а потоа автомобилот експлодирал.

За среќа, Грожан успеа да излезе жив. Го спасил фактот што останал при свест и со помош на редар избегал од пламенот, а автомобилот останал целосно уништен.

Фотографиите на кои овој возач бега од пламенот се нереални, а оваа несреќа тој сигурно ќе ја памети додека е жив.